-
Резултати од проектот:
Резултати од проектот:
Со цел елиминирање на дискриминацијата преку целосна имплементација на Законот за спречување и заштита од дискриминација во согласно со планираните проектини активности на граѓанските здруженија „Еднаков пристап„ и „Здружението на социјални работници на Битола и Демир Хисар„ во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Британски совет ги остварија следниве резултати:
1. Потпишани се Меморандуми за соработка меѓу Министерството за труд и социјалана политика и градоначалниците на 12 општините, Теарце,Дебар, Струга,Охрид, Битола Струмица, Куманово, Штип, Делчево, Неготино, Радовиш и Липково за спроведување на активности за промовирање на концептот за недискриминација.
2. Зајакнати капацитети на претставниците институциите, Комисиите и координаторите за еднакви можности на жените и мажите и невладини организации;
3. Спроведен серијал од 4 обуки за 24 национални едукатори;
4. Одржани се 12 еднодневни касадни обуки во локални заедници на коишто беа обучени 300 претставници од локалните институции и НВО-ии;
5. Одржани се 12 дводневни обуки со 60 советници на Локалните општински совети т.е. членови на Комисиите за еднакви можности на жените и мажите;
6. Изготвен е „Прирачник за ефективна импеданција на Законот за спречување и заштита од дискриминација„ на македонски, албански, ромски, турски и англиски јазик;
7. Изработен и дистрибуиран едукативно информативен материјал на 5 јазика (македонски, албански, ромски, турски, влашки и српски јазик);
8. Подигната е свеста на граѓаните концептот на анти -дискриминација и механизмите за заштита помеѓу членовите на маргинализираните/ ранливите групи од населението;
9. Активирана веб страна со содржини за недискриминација www.ednakvimoznost.mk,
10.Реализирани 12 акции во локалните заедници.
-