-
За проектот
ПРОЕКТ: СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА
Генерална цел:
Генерална цел на овој проект е да се придонесе кон унапредување на заштитата од дискриминација, социјално вклучување и социјални права, вклучувајќи ги и малцинствата, особено Ромите во Македонија.
Специфични цели:
- Создавање на цврста платформа за соработка помеѓу општините, институциите на национални и локално ниво за подобрување на правата на маргинализираните членови на заедници.
- Јакнење на капацитетите на локалната заедницата, општините и граѓанските организации за спроведување на законот за спречување и заштита од дискриминација.
- Поттикнување на граѓаните особено на припадници на ранливи и маргинализирани групи, и како да се дејствува против дискриминацијата и како да се заштитат.
Целни групи:
- 12 локални самоуправи (12 општински комисии за
еднакви можности на жените и мажите и 12 општински координатори ЕО од Струмица, Куманово, Штип, Делчево, Охрид, Дебар, Битола , Неготино, Струга, Теарце, Радовиш и Липково);- 12 локални НВО-ии;
- 240 лидерите на заедницата (Претставници од граѓанските организации и од општинските држава граѓански услуги: социјално- здравство / образование професионалци и претставниците на полицијата).
Активности и нивната ефикасност:
· Воспоставување на мрежа за стратешка соработка во областа на недискриминацијата на локалните граѓански организации, општинската и централната власт,.
· Потпишувањето на трипартитен меморандум за соработка за спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација.
· Проширување на сегашниот мандата на КЕМ и на локалните координатори за еднакви можности на жените и мажите за третирање на сите основи за дискриминација од Законот за спречување и заштита од дискриминација.
· Тренинг за законската рамка за анти-дискриминација на околу 320 лица од заедницата (НВО, социјалните служби, КЕМ) во 12 општини.
· Воспоставување на мрежа на обучени лица од невладин организации и од институциите кои ќе биде клучен фактор во реализирањето на каскадни обуки.
· Изработка на прирачник за спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација (со добри пракси) наменет за КЕМ, локалните координатори
· Изработка и развој на локални акциони планови.
· Спроведување на мини-проекти од страна на НВО-и.
· Изработка на веб- страна за недискриминација и нејзина промоција за пошироката јавност (во Македонија), со фокус на избраните општини.
Очекувани резултати:
- Меморандум за соработка меѓу МТСП, градоначалниците на општините и невладините организации за имплементација на законот.
- Зајакнати капацитети на претставниците институциите на национално и на локално ниво за спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминацијата.
- Капацитетот и на мандатот на КЕМ и локалните координатори да се прошири и да се однесува на повеќе услуги на граѓаните, како што се советување, информации, правна помош за недискриминација.
- Капацитетите на граѓанските организации за решавање на злоупотребите извршени против малцинствата и ранливите групи на население да се зголеми.
- Развивање на практичен модел за ефективена имплементација на закон 12 пилот општини.
- Подигање на свеста за Законот за спречување и заштита од дискриминацијата
- Подигната свеста за концептот на анти -дискриминација и механизмите за заштита помеѓу членовите на маргинализираните / ранливите групи од населението, а особено во општините со ромско население.
- Подигната свест за Законот за спречување и заштита од дискриминација помеѓу институциите на национално и локално ниво, НВО-и како кај општата популација.
Период: Проектот ќе се реализира во период од 12 месеци
Носители на проектот:
Британски совет
Партнери за имплементација:
- Граѓанска Иницијатива за еднакви можности „Еднаков Пристап„ и
- Здружение на социјалните работници од Битола и Демир Хисар
Донатор:
Делегација на Европската Унија
Реализацијата на проектните активности се во соработка со Министерството за труд и социјална политика.
-