Проект 3: Проценка на политиките програмите и буџетите од родова перспектива и застапување

 

 

Здружението на граѓани “Еднаков пристап„ со поддршка на УН Жени, канцеларијата во Скопје, го реализираше проектот во чии раамки се изработи проценка на политиките и буџетите во општините Струмица, Дебар и Теарце од родова перспектива.

Проценката на непосредното учество на мажите и жените во власта и одлучувањето во локалната самоуправа има за цел да ги согледа разликите во вклученоста на жените и мажите во креирањето на политики и донесување на одлуки кои се од суштествено значење за функционирање во заедницата; употребата на механизмите за непосредно одлучување; и да ја истражи перцепцијата граѓаните и локалната самоуправа во однос на овие клучни прашања.

Оваа проценка има за цел да ги анализирапричините за различните нивоа на (не) вклученост на мажите и жените во процесите на одлучување.

 На крај, проценката има за цел да даде препораки и предложи родово одговорен пристап преку кој потребите и приоритетите на мажите и жените ќе станат интегрален дел од постоечките процеси на планирање и реализација на програмите и буџетите на општините.

Истражувањето се спроведе во три општини во Република Македонија, Струмица, Дебар и Теарце, избрани по принципот на разноликост и избалансирана застапеност на југоисточен и западен регион, урбана и рурална средина, општини различни по големина и буџет и со различна структура на население.

 

Основниот императив по кој се водевме и заради кој го почнавме ова истражување започнува од некои основни познавања за политичкиот процес и процесот на донесување на одлуки од три аспекти.

Првиот аспект се однесува на прашањето “како” се носат одлуките во локалната власт?  Колку процесот на носење на одлуки е  отворен за вклучување на интересите на различните општествени групи?  Какви се чекорите и мерките кои ги обезбедува власта за да го поттикне граѓанското учество?

 Вториот аспект на проценката одговара на прашањето што произведува политиката? Какво влијание имаат политиките што ги донесуваат институциите на власта врз граѓаните односно општеството во целина? Дали се тоа политики кои го унапредуваат животот на граѓаните и во која мерка?

И третиот аспект, аспектот на различноста, односно какво влијание имаат политиките на специфичните потреби на жените и мажите?  

Преведувајки  го ова колоквијално знаење за политичкиот процес, во конкретната реалност на македонското општество, се поставува прашањето дали и колку мажите и жените учествуваат во  донесувањето одлуки во општините? Дали мажите и жените се задоволни од општината и нејзините политики? Дали постојат таканаречени добри практики на непосредна демократија, врз основа на кои може да се изгради модел на учество кој ќе обезбеди интересите и потребите на мажите и жените да се земаат подеднаквово предвид при креирањето политики во општината?

Имајќи ги предвид овие значајни дилеми и прашања проценката ја поставивме  на неколку нивоа на интерес, и тоа :

 

-           Согледување на реалната состојба за граѓанското учество во процесот на креирањето на политиките на локално ниво;

-           Идентификација на недостатоци, препреки и капацитети на воспоставените механизми за партиципативно учество во креирањето на политиките;

-           Донесување на заклучоци и давање препораки за надминување на идентификуваните проблеми и негативните аспекти на процесот, како и споделување на добрите практики;

-            Развивање на родово одговорен пристап кој ќе овозможи балансираното учество на жените и мажите и вклучување на нивните приоритети во креирањето на политиките и и буџетите.

 

Родовите аспекти се во средиштето на интересот на оваа анализа, односно прашањата кои се обработуваат се анализираат од аспект на специфичните интереси на жените и мажите и нивното влијание врз креирањето на политиките во општината.

 

Во подготовката на проценката се користеше интегративниот пристап кој содржеше квалитативни и квантитативни методи за собирање, обработка  и анализа на податоци.

 

Квантитативнитеметоди ќе обезбедати податоци кои ќе го дадат  нивото на учество на жените и мажите одделно во таргетирањето  на приоритетите на заедницата, распределбата на буџетските средства и нивната реализација. Беше развиен стандардизиран прашалник преку кој се собраа потребните податоци во трите селектирани општини.

Беше напревена анализа на најзначајните документи, програми, акти и буџетите во трите општини, а за да се добијат податоци беа спроведени и интервјуа со одговорните лица во општините и со подржувачите на локално ниво (Комисиите за еднакви можности, граѓансските организации и слично). Исто така за да се види ставот на граѓаните беа одржани неколку фокус групи во трите општини.

 

Беше развиен и модел со препораки за општините за партиципативниот процес и балансираното учество на жените и мажите во креирањето на локалните приоритети алоцирани во буџетот на единицата на локалната самоуправа. Целта на овој модел кој беше дистрибуиран до сите општини е да покаже како да се зголеми одговорноста на креаторите на политиките преку вклучување на родовата перспективаа во буџетот на општината и како да се подобри родовата одговорност во локалните политики и програми преку партиципативен процес  на граѓаните.

На овој линк може да ја превземете брошурата http://ednakvimoznosti.mk/brosuri.asp


ОСТАНАТИ ВЕСТИ

На Работилницата: „Јакнење на капацитетите за скрининг, идентификација и упатување на мигранти од ранливи категории

Во рамките на програмата на Европската унија и Советот на Европа "Хоризонтален фонд за Западен Балкан и Турција", как...

 
Во организација на ИОМ, ЗЕМ „Еднаков пристап“ зема учество на регионалниот состанок на 19 и 20 Септември 201...

 

 

Здружението за еднакви можности „Еднаковпристап“ во партнерство с...

 

 

 

ЗЕМ „Еднаков пристап“ во соработка со Македонското здружение на мл...

 

Здружението за еднакви можности „Еднаков пристап“ во соработка со Македонското здружение на млади правници го реал...

Почитувани,

Во насока на олеснување на пристапот до правда за жените ја бараме Вашата поддршка за ратификација на

Здружението за еднакви можности „Еднаков пристап“ во соработка со Македонското здружение на млади правници го реализира проектот &bd...

 
 
Здружението за еднакви можности „Еднаков пристап“ во соработка со Македонското зд...

 

ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ “Е

ОГЛАС:
 
за ангажирање на четири (4) домашни ...

 
 
 
 
 
&nbs...

Здружение за Еднакви можности Еднаков Пристап и Општина Гостивар на 27.11.2014г потпишаа Меморандум за соработка и заедничка реализација на акти...

 

 

On 21.11.2014, the Podium Foundation of San Marino for the promotion...